Нетфликс продолжува со својот план да го укине најевтиниот пакет без реклами за постојаните корисници. Како што објавуваат корисниците на социјалните мрежи, Нетфликс бара од тие кои го користат најевитниот пакет да изберат нов пакет доколку сакаат да продолжат да гледаат.
Еден корисник добил известување дека 13 јули е последниот ден на кој може да гледа Нетфликс со постојниот пакет и дека треба да избере нов за да продолжи. Корисниците кои сега плаќаат 11,99 долари месечно за основниот пакет без реклами, ќе треба да изберат дали ќе плаќаат 6,99 долари за пакетот со реклами, 15,49 долари за пакетот без реклами или 22,99 долари за премиум 4К пакетот без реклами.
Според објавите на социјалните мрежи ваквите известувања ги добиваат корисниците во Канада и Обединетото Кралство, што е во согласност со најавата на Нетфликс од јануари.
Минатата година основниот пакет беше укинат за нови корисници во САД, Канада и Обединетото Кралство. Од компанијата најавуваат дека наскоро ќе се исклучува основниот пакет и за корисниците во САД, без да прецизираат точен датум.