Популарниот американски стриминг сервис Netflix објави дека ќе биде глобално достапен во речиси целиот свет освен Кина, што значи дека и македонските корисници ќе можат легално да се претплатат и да гледаат супер квалитетни ТВ серии, филмови, стенд ап комедии, детскии шоуа и многу оригинални филмски и документарни содржини.
Тоа не значи дека пиратеријата во Македонија веднаш ќе исчезне, но сега барем имате добар избор, секако доколку сакате да си платите месечна претплата.
Како што може да се очекува глобалниот старт на Netflix не е претерано богат со илјадници филмови како американската верзија поради авторски права, но од компанијата најавија дека постепено ќе додаваат нови содржини. Исто така не очекувајте од старт совршени македонски преводи и поддршка на менито, бидејќи сме мал пазар и со тек на време можеби ќе ги добиеме и тие услуги.
За почеток може да ги гледате хит сериите Narcos, Jessica Jones, Daredevil, Marco Polo и уште многу други. Месечната претплата изнесува 8 евра за базичниот пакет, со тоа што првиот месец е бесплатен.
/Телефони.мк