Ви претставуваме 6 нови технологии, кои стануваат се попопуларни кај обожавателите на иновативните технологии.
Паметните очила на Google ( Google Smart Glasses )
Се што ќе биде видено и снимено со овие очила оди во серверите на Google , каде може да се чува за неограничен временски период, да се обработуваат и анализираат. Регистрираниот глас може да се конвертира во текст, во кој да се спроведе пребарување. Од видеото и сликите може лесно да бидат одделени лицата на фотографираните луѓе и да се разјасни каде, кога и со кого биле тие, како и да се споделат во социјалните мрежи. А сликата на даден предмет можете да даде информации за производителот, неговата цена, година на производство, итн.
3-Д проектирање без глувче ( Leap Motion )
Да , тоа веќе е можно! Дури неодамна од инкубаторот за идеи и краудфинансиране Kickstarter објавија новиот контролер за движења во димензионален простор Haptix кој потсетува донекаде на малку постарата технологија Leap Motion . Исто како Leap Motion , Haptix претставува компактен блок, кој работи како модул за стандарден компјутер.
Тродимензионално печатење ( 3-D Printing )
Тродимензионалното печатење се применува се поактивно во многу области – од изготвување на детали за радио контролирани модели до печатење на материјали за трансплантации. Оваа година Пентагон исто така откри голем број на идеи за искористување на оваа перспективна технологија со цел обезбедување на производството на детали со сложна форма. 3-Д печатењето е уште во релативно рана фаза на својот развој и поради тоа крие големи можности за развој.
Проѕирнен телефон ( Transparent Phone )
Во почетокот на оваа година тајванската компанија Polytron Technologies го претстави првиот во светот прототип на транспарентен телефон. Уредот е изработен главно од стакло и транспарентни флексибилни електронски компоненти. Нетранспарентна се само основната плоча, слотови за SIM картичка и картичката за меморија, како и камерата. Прототипот беше демонстриран на саемот Mobile World Congress 2013 во Барселона.
Флексибилна технологија ( Flexible Technology )
Флексибилните дисплеи се најновиот хит во светот. Очекуваната со интерес појава на мобилни уреди со флексибилни дисплеи се случи оваа година. Малку пред тоа, во пролетта на 2013 година, компанијата E Ink најави промоција на производи со името E Ink Mobius – нови флексибилни екрани, базирани на технологијата на електронските мастила. Се очекува E Ink Mobius да бидат првите флексибилни дисплеи за електронски книги кои масовно ќе бидат произведени.
Летачката кола ( Flying Car Newest Technology )
Компанијата Terrafugia уште лани направи бум со тоа што го претстави моделот Transition , кој всушност не е ништо повеќе од авион , кој можеби може да се вози по автопат. Сега од Terrafugia планираат наследник на првиот модел кој ќе полетува вертикално , ќе развива брзина од 320 км / ч и ќе прави многу други подеднакво луди работи . Новиот ” автомобил” го носи името TF- X и ќе биде хибрид-електрични мотори кои ќе му помагаат за вертикалното полетување , по што моторот со внатрешно согорување ќе обезбедува моќност за хоризонтално движење .
[youtube]http://youtu.be/74pikqaQaP8[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk