„Толку беше опулен народот. Колку и добитокот. Немаше книги што ќе ти кажат кога си се родил и како се викаш. И тешко на оној што не ќе си ги запамети и името и годината на раѓањето. Живее ама како да не живее, тука е, а нетука. И ќе умре, не знаејќи дали на безвреме умрел. Речиси така, незапаметен од луѓето. Ама тогаш луѓето повеќе паметеа, оти помалку работи имаа за паметење.“
– „Пиреј“, Петре М. Андреевски