Раперот Ни Јо потврди дека снимил дует со канадската пејачка Селин Дион со која соработуваше на нејзиниот прв албум.
Освен што снимија заедничка песна, Ни Јо се јавува како продуцент на новиот албум на Селин Дион, а публиката со нетрпение чека да слушне како ќе звучи оваа необична соработка.
„Навистина бев поласкан кога ме праша дали сакам да снимиме дует, но во истовреме се исплашив како ќе испадне и почнав да ги доведувам во прашање моите вокални способности“, рекол пејачот и додал дека соработката со Селин Дион за него било неверојанто искуство.