Студентскиот Пленум бара итна и целосна реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев. Сите добро знаеме во каква состојба во моментов се наоѓа најголемиот студентски дом во земјава, а капак на сè беше уривањето на плафонот пред една недела.
„Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мувлосаните тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога домовите ќе се реновираат, кога студентите ќе се разбудат и ќе прозборат за маките. Ќе чекаме ли жртва за да си ги побараме правата?! НЕ! Ние, студентите, не чекаме избори!“