Николас Кејџ стана јапонска житарка

Николас Кејџ, чија слава доживеа преродба преку мемиња на интернет, сега ја краси обвивката на една популарна јапонска житарка.

Човекот што можеби најмногу го памтиме по „The Rock“ (т.е. „Карпата“, со Шон Конери) и улогите во кои е на раб на психолошки крах, на амбалажата на грицките изгледа мошне… питомо.

Но тоа не е случајно. Житаркиве се дел од промоцијата за јапонската проекција на неговиот филм од 2016-та – „Army of One“, и можат да се купат (за 10 јени) само со карта за филмот во три избрани кина во Токио, Осака, и Нагоја.

Популарната житарка се вика Umaibo. Оваа со Николас Кејс се вика Umaibo Nicolastick.

Прочитајте и:  Концерт во чест на 30 годишното пријателство меѓу Македонија и Јапонија

Оди па после речи дека Јапонците не знаат како се прави промоција.

 

- Реклама -