Николоски: Број еден приоритет ни е борба против криминалот и корупцијата

После првиот круг се појасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 во своето гостување во емисијата „Политиканти“.

Тој во текот на своето гостување посочи дека предизвик број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се соберат луѓе кои ќе сакаат да направат нешто државата.

-Предизвик број еден е да се соберат квалитетни кадри кои што ќе сакаат да направат нешто во државата, особено во дел на проектен менаџмент. Еве тука ќе ги споменам две сериозни инфраструктурни делници, автопатот Охрид-Кичево и Прилеп-Градско, експресен пат. Моето мислење е дека двата не се реализираа поради лош проектен менаџмент, рече Николоски и додаде:
-Ние велиме дека ова е последна шанса, затоа што навистина сме собрани една екипа на луѓе кои што влегуваат со доста енергија во оваа работа и сакаме да оставиме нешто позади себе. Не влегуваме во оваа работа само да протуркаме 4 години, па што биде-биде, мислам дека тоа го чувствуваат нашите соработници и дека ќе се направи една добра екипа која што ќе може да испорача.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

На крај Николоски дека порача дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да соработува со ДУИ поради огромниот криминал и корупција кои го прават.

-Резултати ќе има особено во борба со организиран криминал и корупција, тоа ни е број 1, ние и во партијата покажавме дека сакаме да менува и сменивме. И овој судир кој што го имаме со ДУИ, е на таа линија, ако видиме зошто ние не сакаме да соработуваме со ДУИ, тоа е токму заради таа причина.

- Реклама -