Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи
Голем е интересот на авиокомпании да воведат нови дестинации од домашните аеродроми, изјави вечерва во гостувањето на ТВ Алфа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој најави дека по завршување на јавниот повик на почетокот на месец октомври, ќе се изберат најдобрите компании кои ќе понудат нови атрактивни дестинации, а со тоа диреткно ќе се влијае врз зголемување и подобрување на авиосообраќајот во земјава.
„Има голем интерес и ќе ги избереме најдобрите. Тоа што ќе потврдам е дека новите дестинации ќе се воведат со летниот ред на летање, бидејќи авиокомпаниите ги планираат летовите една година однапред. Го избравме овој начин бидејќи сакаме да донесеме нови патници во земјава, а не граѓаните да си одат од земјава. Избравме финансиска поддршка, како еден од приоритетите на Владата бидејќи после короната имаме континуиран пад на бројот на патници и ова е начин како авиосообраќајот да го подобриме и да овозможиме прифатливи услови за патување”,
истакна министерот Николоски.
Тој додаде дека значително се зголемува цената за финансиска поддршка и тоа од Скопје од претходните 7 евра се зголемува на 9 евра по патник, а од Охрид од претходните 4,5 евра се зголемува на 12 евра по патник, што е услов за зголемување на туризмот во охридско-струшкиот регион.
Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи.
Владата од следната година ќе врши субвенционирање на авиопревозот по дестинации, а не како досега по авиокомпании.
Владата донесе одлука и за субвенционирање на патник кој е на доаѓање, наместо како што беше досега, на заминување.
Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летовите меѓу Скопје и Сараево, по повеќе од една година оперирањето на оваа релација, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.
На крајот на август „Екс Ју авијација“ објави дека „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина-Скопје и ќе ја опслужува четири пати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона.