Николоски: Истата Шекеринска што прифати „заедничка историја“ сега продава патриотизам

Шекеринска беше втор човек на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија и се прифати „заедничка историја“, а сега продава патриотизам, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, по денешното обраќање на екс-вицепремиерката и поранешна министерка за одбрана – Радмила Шекеринска, на дебатата „Европски фронт“ во организација на ДУИ по повод 21-годишнината од основањето на партијата.

„Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедидуваме дека ЕУ е важна, некои тоа го знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа ќе има нови барања“, рече Шекеринска, потенцирајќи дека „им должат на овие граѓани“. „Ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“, додаде таа.

Но, според Николоски, оваа „реакција“ е задоцнета.

„Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него.
Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат! Истата која прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. И истата која според многумина ги влече конците од позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковечевски се консултира за секоја покрупна одлука. Таа Шекеринска продава задоцнет патриотизам. Извинете ама не поминува. Како што Ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија – ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ!“, напиша Николоски на Фејсбук.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„И тогаш како и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО-ДПМНЕ да го подржи предавството! За овој договор кој значи капитулација на Македонија, ние сме на РАЗЛИЧНИ СТРАНИ и НИКОГАШ НЕМА ДА СМЕ НА ИСТА СТРАНА, ПО НИЕДНА ЦЕНА!“, порача тој.

- Реклама -