Николоски: На средби Заев кажувал дека негов личен став е дека Бугарите и Македонците се еден ист народ

„Една информација која не е споделена во јавноста. Не знам дали Заев како премиер е свесен дека кога на состанок има повеќе од едно лице, на другата страна се водат белешки. На најмалку два состаноци, од кои еден во Бугарија, кажал разговорно дека според него мисли дека Бугарите и Македонците се ист народ и зборуваат ист јазик, за потоа да се корегира во официјалниот дел дека тоа е лично мислење, а не на државата“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, во „Тема на денот“ на ТВ „Сител“.

Николоски посочи дека не може премиер да има лично мислење, затоа што тој како премиер ја претставува државата. Односот на Заев тој го оцени како нечесен – едно да зборува во јавност, а друго на состаноци.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот
- Реклама -