Николоски прашува: Дали Бугарија ќе дозволеше битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ да отвори филијала во Софија?

„Aпсолутно мислам дека е корисно да се развива соработка на научен план, затоа што науката е она што треба да ги обединува жителите, не само на Балканот туку и во цела Европа и најдобрите да одат напред. Но, она што ме загрижува е начинот на кој што ова се прави, од проста причина што од сите универзитети кои што ги има во Бугарија се избра токму овој универзитет кој што има исто име со најголемиот универзитет во Македонија ‘Свети Кирил и Методиј’, на кој што голем број генерации се образувале и се образуваат“, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, прашан да ја коментира одлуката на Владата со која одобри бугарскиот универзитет од Велико Трново – „Св. св. Кирил и Методиј“, да отвори филијала во Македонија.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот

За Николоски, ова е подмолен чин кој ги подрива темелите на најголемиот македонски универзитет и тоа е за секаква осуда.

Тој посочи и дека не гледа реципроцитет.

„Еве, да прашам дали Зоран Заев и Владата мислат дека би дозволиле во Софија да се отвори филијала на битолскиот универзитет кој што се вика ‘Свети Климент Охридски’ и го носи истото име како најголемиот универзитет во Бугарија. Мислам дека Бугарите не би ни помислиле да дозволат такво работа, камо ли да ја направат“, рече Николоски. Според него, со оваа одлука Заев продолжува со својата политика на распродажба на националните интереси. Но, на изборите во октомври, ќе ѝ се стави крај на таквата политика, порача Николоски.

- Реклама -