„Би сакал да ги повикам Државниот завод за ревизија и Обвинителството да ја испитаат и работата на Агенцијата за пошти, што треба да е регулаторно тело, но е се освен тоа, и да видат како се издавани лиценци на приватни пошти што работат буквално од подрум“, вели министерот за транспорт
Претходното раководство на Македонска пошта имало план да го трансформира централниот објект и да го издаде за ресторан со кабаре. Ова денееска го рече вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски, повикувајќи на истрага по последниот извештај на Државниот завод за ревизија за Македонска пошта.
Смета дека целта на претходното раководство не била приватизација на Македонска пошта, туку уништување на комапнијата и отварање на неколку приватни пошти.
„Дај боже намерата да им била приватизација, иако јас не се согласувам со тоа. Но, нивната намера била пропаѓање на Македонски пошти“,
рече тој.
Побара од надлежните институции да ги проверат лиценците што се доделуваат на приватни компании за давање поштенски услуги.
„Би сакал да ги повикам Државниот завод за ревизија и Обвинителството да ја испитаат и работата на Агенцијата за пошти, што треба да е регулаторно тело, но е се освен тоа, и да видат како се издавани лиценци на приватни пошти што работат буквално од подрум“,
вели Николоски.
Според него, сега се работи на реорганизација и реформи во работењето на Македонска пошта, а резултатите на новото раководство че бидат забележани после Нова година.
„Кога станав министер, 4 400 вработени од Македонска пошта, ‘Железници – Транспорт’ и Ѓелезници Инфраструктура не земаа редовно плата. Да направите каква било рефрма прво треба да им се плати на луѓето она што го сработеле. Тој проблем сега е решен и одиме на реорганизација на овие три претпријатија и тоа го правиме интензивно“,
вели министерот за транспорт.
Ревизорите утврдиле дека иако Македонска пошта со години тоне во долгови и загуби, директорите минатата година си ги зголемиле платите. Според ревизорскиот извештај, во 2022 година, Пошта влегла во инус речиси четри милиони евра. Лани, пак, 60 отсто од пратките биле доставени на време.