Николоски: Со изградба на брза пруга до солунското пристаниште ќе станеме економски центар за Централна Европа

Николоски во Солун имаше и билатерална средба со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција, на која посочил дека Владата е посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на Коридор 10, проект за кој посочил дека има регионално значење

Солунското пристаниште е главна точка за македонскиот бизнис, точка од каде македонските компании извезуваат и од каде доаѓа најголем дел од робата во Македонија. Имаме добар автопат до Солун, но мораме да изградиме и добра железничка мрежа. Затоа планираме реконструкција на постојната железничката мрежа на Коридор 10 и изградба на брза пруга што би одела со 200 километри на час патнички сообраќај и 120 километри на час товарен сообраќај, што треба да значи поврзување меѓу двете држави.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Форумот за поврзување на Југоисточна Европа во Солун / Фото: Принтскрин

Ова денеска од Солун за ТВ Канал 5 го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, посочувајќи дека со ова Македонија треба да стане точка преку која треба да поминува главната економска рута за Централна Европа.

„Рута преку која ќе се извезува робата од солунското и атинското пристаниште кон земјите од Централна Европа. Тоа Македонија може да ја направи центар во економска смисла“,

рече тој.

Министерот за транспорт Александар Николоски на билатералнaта средба со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција / Фото: Влада

Николоски во Солун имаше и билатерална средба со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција, на која посочил дека Владата е посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на Коридор 10, проект за кој посочил дека има регионално значење.

На средбата министерот го отвори и прашањето за железничкото поврзување кај Кременица, Битола, поради потребата од побрза регионална конекција во Пелагонискиот Регион и алтернативна врска со пристаништата.

Се разговараше и за наплатните станици и за поминување на македонски и грчки граѓани на патарините со еден заеднички таг, по примерот со Србија.

- Реклама -