Николоски: Владата ќе го поддржи Град Скопје со 70 милиони евра за реализација на проектот за брз автобуски превоз – БРТ

Владата на денешната седница донесе важна одлука за поддршка на Град Скопје во реализацијата на проектот за брз автобуски превоз (БРТ). Овој проект опфаќа изградба на две главни линии во Скопје: една која ќе ги поврзува Истокот со Западот и друга која ќе ги поврзува Северот со Југот. Планирано е да се набават хибридни нископодни возила на CNG, да се инсталира патнички информативен систем и паметни станици, како и да се интегрираат во постојниот систем за управување со сообраќајот во градот.

Оваа иницијатива значи значителен напредок во унапредувањето на јавниот превоз во Скопје и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Прочитајте и:  Скриени во грмушки со оружје, стрелаа во автомобил: детали за обидот за убиство во Шишево, Скопје