Николоски за Пендаровски: Вчера даваше глупи изјави за светските лидери и Заев, а денеска го нема ‘А’ да каже за ова што се случува во македонското Собрание

Следните чекори опозицијата допрва ќе ги договара, но сите ќе бидат во насока на брзи предвремени парламентарни што поскоро, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, не исклучувајќи ја можноста еден од тие чекори да биде лидерска средба свикана од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Сепак, Николоски упати остри критики за Пендаровски во однос на денешниот ден и случувањата околу иницијативата за недоверба на владата, пред сѐ „исчезнувањето“ на пратеникот на Беса – Кастриот Реџепи.

„Денеска претседателот на државата потфрли во сопствената улога. Претседателот на државата често вака знае да дава коментари и за што треба и за што не треба, ама во ден во којшто еден пратеник, еве, мистично исчезна – да му олеснам на Пендаровски да не мора да користи други зборови – да го нема да гукне ни ‘А’ ни ‘Б’ во однос на состојбата, многу кажува дека е седнат во нечиј скут.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Вчера даваше глупи изјави од типот дека светските лидери не спијат за Зоран Заев да остане премиер, а денеска го нема ‘А’ да каже за ова што се случува во македонското Собрание. Заврши и тој како претседател, ќе си го види крајот во 2024 година“, смета Николоски.

- Реклама -