Николовски: Огромно водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“

Огромно водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“, соопшти Генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски, на прес-конференција по завршувањето на гласањето, повикувајќи се на првичните резултати кои стигнале до партијата.

Николовски рече дека со право очекуваат, како што рече, резултатите да ги потврдат анкетите, и им се заблагодари на граѓаните што излегле на гласање и го дале својот придонес.

„Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалицијата ‘Можеме’. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција“, рече Николовски, оценувајќи го изборниот процес како демократски и професионално спроведен, а изборниот ден – дека минал во најдобар ред:

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

„Во овие вонредни околности уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици и пред сѐ да ги заштитат граѓаните нивното здравје но и да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процес“, рече тој.

- Реклама -