Хрватската пејачка Нина Бадриќ често е споредувана со славната Џенифер Лопез.
Фотографијата која пејачката Нина Бадриќ ја објави на Инстаграм предизвика лавина од коментари со кои ја споредуваат со латино дивата Џенифер Лопез. Ако ги погледнете малку подобро, и самите ќе ја забележите неверојатната сличност.
„За тоа треба навистина да имаш еден цврст карактер и мораш да бидеш доста добра личност со некој свој потпис за да не подлегнеш на тој некој тренд кој во оваа работа се нарекува „must have“, односно да се има 49 до 50 килограми. Замислете мене да ме видите со 49 килограми, веројатно би изгледала доста неприродно, можеби на камерите би изгледала фантастично, но во живо веројатно би ги згрозила луѓето кои би ме сретнале. Важно е добро да се чувствувате за тоа што сте“, порача хрватската пејачка.