Дубровник отсекогаш бил познат во светот по својата бесценета убавина, култура и историја, а сега кога е снимена најпопуларната серија на сите времиња, Игра на Троновите (Game of Thrones), овој град започна да ги „добива првите брчки и првите знаци на стареење“.
Овој град од секогаш бил посетуван, но во последните години бројот на посетителите кој што го посетуваат Друбровник е зголемен повеќе од она што може тој да го поднесе. Бродови, крузери и јахти секојдневно пристигнуваат на пристаништето во Дубровник, од каде се упатуваат кон портата од Пиле, која е западна капија на градот уште од 16 век.
Од таму дневно „безброј“ чекори преминуваат преку Страдун, најпознатата дубровничка улица која води до градските зиднини. И покрај тоа што влезот се наплатува 30 евра, тоа не ги спречува љубителите на „Игра на троновите„ („Game of Thrones“) да направат се само да го видат овој локалитет каде што е снимена популарнта серија.
Минатата година, во Стариот град влегле околу три милиони туристи, а повеќето пристигнале со околу 400 крузери во пристаништето во Дубровник. Стручните лица тврдат дека на овој начин историските знаменитости кои со векови му пркоселе на времето, ќе бидат опасно загрозени.
Зошто не се презема ништо за да се намали бројот на туристи? Многумина веруваат дека тоа се должи на фактот дека 80 проценти од локалното население зависи од туристите, пишува „Гардијан“.
Покрај уништувањето на вековните обележја, Дубровник се повеќе ги доживува ефектите од загадувањето, што се зголемува заради самите бродови. Водата и воздухот се загадени и морскиот екосистем е во голема опасност. Затоа, градоначалникот на Дубровник одлучи да го ограничи бројот на бродови на два на ден.
На овој начин ќе се запре ширењето на загаденоста и штетите кој што се чини се незапирливи и на зидовите на знаменитостите. На тој начин ќе се ограничи и бројот на дневните посети на 4000 посетители дневно, а ќе се воведе и такса кој што ќе се наплатаува по 2 евра од лице.
Овие одлуки предизвикаа дебата за тоа дали градот ќе „расцвета“ заради помалку гужви или ќе „згасне“ заради помал проток на пари од туризмот.
Покрај Дубровник, туристите со задоволство го посетат и Котор, кој што го има истиот проблем. Котор е трето најпосетувано пристаниште на Јадранското Море, што значи неколку огромни крузери на ден, а се верува дека до крајот на оваа година ќе достигне 500 бродови, што би значело половина милион туристи кои пристигнале по море.
Весна Мачиќ, од Институтот за морска биологија, ја посочува разликата од пред 15 години:
„Споредете го ова со 2003 година, кога во пристаништето пристигнувале по 50 бродови дневно со по 50.000 луѓе во нив.“
Котор е дури и повеќе загрозен од Дубровник затоа што се наоѓа надвор од Европската унија, така што нема закони за заштита што треба да се применуваат. Градот нема закон со кој би се регулира кому му е дозволен влез во пристаништето, затоа има бродови во Котор кои прават огромна бучава и користат ниско-квалитетно гориво полно со сулфур, што им штети на рибите, делфините, желките и целиот екосистем.
Покрај тоа што во Котор не постои правна регулатива со која би се заштитл градот, постојат и многу големи фактори поточно заработувачката која што се остварува „на сметка“ на туристите. Во Црна Гора парите се многу поголем двигател од заштитата на животната средина, затоа што тие се со многу пониски плати отколку во Дубровник. Па за разлика од Дубровник каде што може да си дозволи намалување на посетата од страна на туристите, тие тоа не би можеле да си го дозоволат.