Низ светските мориња наскоре ќе заплови посебна едрилица (ВИДЕО)

На прв поглед изгледа како стара едрилица, но всушност станува збор за луксузен брод кој што ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Овој брод има должина од 162 метри, ширина 18,5 метри, капацитет од 2.000 тони и има 5 палуби. На едрилицата ќе има 450 луѓе, 300 патници сместени во 150 луксузни кабини, а преостанатие 74 кабини се наменети за 150 членови на екипажот.

Иако е рустикален по изглед, тој е опремен со најсовремена опрема. И, исто така има големи салони, па дури и библиотека. Едрилицата има најнапредна опрема за навигација и комуникација, секоја кабина има интернет, телефон, телевизија, музика и друга забава, а секој „агол“ на бродот е покриен со Wi-Fi сигнал.

„Летечкиот Клипер“ (“Flying Clipper”)  е првата светска едрилица со највисоки стандарди за безбедност „Безбедно враќање во пристаништето“ (“Safe return to port”), и ги исполнува сите барања на американската крајбрежна стража, како и Службата за јавно здравје на САД.

На отворените палуби се наоѓаат три бара и три базена, од кои едниот е наменет за нуркање. „Летечкиот Клипер„ (“Flying Clipper”) е предвиден за едрење, па така што тој може да плови и до 400 часа без да застане.

Едрилицата е направена во Бродосплит, а планирано е да плови низ сите мориња во светот, ги вклучува и водите на Арктикот и Атлантикот.

 

- Реклама -