Низа физички напади во Гостивар-Во трговски, во двор, на улица заради сообраќајка…

Во полицискиот билтен за изминатото деноноќие регистрирани се неколку случаи на физички напади на гостиварско подрачје. Во продолжение ги пренесуваме информациите за нив од СВР Тетово:

„На 12.08.2024 во 20.45 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.Ш.(30) од гостиварско Дебреше и М.Е.(29) од Неготино полошко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.00 часот во трговски центар во Гостивар физички го нападнале А.А.(36) од Гостивар, по расправија на неговата сопруга и друго женско лице. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 12.08.2024 во 17.40 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници во ОВР Гостивар ги лишиле од слобода и привеле Ф.Т.(53) и Ќ.Т.(24), двајцата од Трново. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл кој го управувал Ќ.Т. и возилото „бмв“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.И.(44) од Тетово со привремен престој во Сојузна Република Германија, физички ги нападнале А.И., неговата сопруга и неговата ќерка, а се обиделе да ги нападнат и со остар предмет, но биле спречени од полициски службеници. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.08.2024  во 17.00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(36) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.15 часот, тој и неговиот малолетен син физички го нападнале Д.Ј.(46) од Гостивар во дворот од неговиот дом. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.“

Извор