Љубовта победува сè?

Љубов Еден од главните митови кои ни ги продаваат уште од детството, преку бајките и сказните е дека љубовта победува сè. Но, дали е баш така? Еве што на темите поврзани со љубовта и врските велат некои од врвните светски експерти од областа на личниот живот.


Еден од главните митови кои ни ги продаваат уште од детството, преку бајките и сказните е дека љубовта победува сè. Но, дали е баш така? Еве што на темите поврзани со љубовта и врските велат некои од врвните светски експерти од областа на личниот живот.

ЉубовКажувајте „те сакам“ секој ден

Барбара де Анџелис, експерт за личен развој: „Кажувајте го што почесто. Не постои причина зошто да се штедат зборовите кои искажуваат блискост“.

Ненси Келиш, психолог: „Се согласувам дека треба да се искажуваат емоциите, но ’те сакам’ не треба да се претвори во безначаен поздрав ’добар ден, те сакам’, туку треба да се кажува само кога навистина се мисли“

Правете се недостапни

Сем Јаган, советник на интернет страница за романтични средби: „Глумењето недостапност ја започнува врската со лага. Ако навистина сакате да успее, тогаш зошто не ја базирате на отвореност, комуникација и вистина?“

Грег Берент, писател: „Не треба да глумите недостапност, треба да бидете недостапни. Вашиот живот е премногу значаен, а вие сте премногу зафатени. Оној што сака да стане дел од вашиот живот, треба да се бори за тоа“.

Вашиот партнер не треба да ви е најдобар пријател

Пепер Шварц, социолог: „Сосема точно. Не можете од партнерот да барате исто ниво на доверба, отвореност и посветеност како што тоа го правите со најдобриот пријател. Интимната врска може да носи ограничен број улоги со себе“.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Барбара де Анџелис: „Не се сложувам. Ако партнерот не ви е најдобар пријател, тогаш што е? Не е доволно да сакате некого, тој мора и да ви се допаѓа како пријател, како човек“.

Џон Греј, пистател: „Не постои проблем во тоа партнерот да ви е пријател, но секогаш чувајте уште неколку блиски пријатели при себе, оние што ќе ви помогнат кога ќе имате проблеми во врската. Не ги ставајте сите јајца во иста кошничка“.

Отсуството ги зајакнува чувствата

Де Анџелис: „Мало отсуство може да ви помогне да го цените партнерот повеќе. Преголемо отсуство е опасно. Врските се градат врз база на контакт, а тешко е да останете во контакт со некој кој не е тука“.

Јаган: „Отсуството може да ве натера повеќе да го посакувате партнерот. Но, ако потрае подолго, може да доведе до зголемување на стресот. Телефонски разговори и СМС не се замена за вистински разговор“.

Можете да засакате некого, со текот на времето

Џуди Куриански, секс-терапевт: „Точно, во зависност од тоа како го дефинирате поимот љубов. Никогаш не важи за онаа љубов со искри од првиот момент, но во смисла на некој со кој можете да изградите доверба и да станете тим, апсолутно да“.

Берент: „Никако. Тоа звучи како помирување со судбината. А тоа не е фер ни спрема партнерот, ни спрема себеси. Не е исто како да се помирите да живеете во стан кој не го сакате, ама не е ни толку лош за живеење“.

- Реклама -