Од Њујорк до Лос Анџелес за 12 минути (видео)

леталоЕкспериментално безпилотно летало кое лета 20 пати побрзо од брзината на звукот ќе биде помине низ клучен тест оваа недела. Falcon HTV-2 ќе биде лансиран со ракета во вселената по што ќе се врати назад на Земјата со брзина од речиси 21.000 километри на час. Претходниот тест траел само девет минути пред леталото да биде намерно уништено поради технички проблем.

Оваа мисија, ако е успешна, би можела да постави нови рекорди за суб-орбитално вселенско патување и да овозможи создавање на нова генерација супер оружја. Ракетата која кој ќе го носи Falcon ќе полета во четврток од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија. Falcon потоа ќе се оддели од ракетата и ќе се врати на земја со неверојатни брзини – би можел да стигне од Њујорк до Лос Анџелес за само 12 минути, лет кој за комерцијалните авиони трае над пет часа.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Проектот е развиван од Пентагон и Defense Advanced Research Projects Agency (DARPA) како дел од нова генерација хиперсонични оружја кои ќе бидат побрзи од ракети. Американската војска се надева дека ова ќе им овозможи да удираат терористи или други непријатели било каде во светот за помалку од еден час. Инженерите на DARPA сè уште не се сигурни што се случило за време на првиот тест, кој бил одржан во април минатата година, поради што некои експерти шпекулирале дека леталото се прегреало.
{youtube}kvoUJkUhoHs{/youtube}

- Реклама -