Илон Маск, познатиот бизнисмен и милијардер, во вторникот се вклучил во телефонски разговор помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерот на Индија, Нарендра Моди. Разговорот се однесувал на актуелната ситуација во Иран. Оваа информација ја објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи свои извори. Подетални информации за поканата на Маск на овој телефонски разговор, како и неговата улога во него, сеуште не се познати.




