По пауза од четири години, легендарните Nick Cave & The Bad Seeds го објавуваат својот петнаесетти студиски албум, кој ќе излезе во продажба на 18 февруари 2013 година.Современото поставувања на митовите и на културни референци кои го носат временскиот печат во поезијата на песните на Nick од 21-от век, се забележуваат и во новиот музички материјал. Песните на овој албум се создадени во еден скромен тефтер, во кој се натрупуваа речиси цела година.
Како продуцент на овој албум се потпишува Nick Launay, а материјалот е снимен во познатото музичко студоо Lа Fabrique, кое се наоѓа во еден дворец од 19 век во Јужна Франција. Студиото ја поседува една од најимпресивните колекции на музички плочи, односно повеќе од 200.000 винилки.
– Влегов во студио со многу чисти идеи, неоформени и груби, а The Bad Seeds се тие што ги трансформира работите во чудо. Прашајте некој кој ги гледал како работат. Тие се, за разлика од кој било друг бенд на земјата, чиста инстинктивна инвентивност – вели Nick Cave.
Овој албум е составен од звуци произведени од традиционални музички инструменти, но и други мелодии кои се јасно генерирани од предмети кои не се музички инструменти. Финалниот производ е склоп на колективен музички јазик кој е богат и доста комплексен.
– Овој албум само се чини дека е нов, но е произлезен од духот на старата школа – вели Cave.
Првата песна од албумот Push The Sky Away ќе биде достапна денес за преземање за секој pre-order на албумот на nickcave.com или на iTunes.
[виа nickcave.com]