Nokia планира камера од 16 мегапиксели

Nokia отсекогаш бил меѓу лидерите кога станува збор за камерата кај телефоните, а компанијата планира да ја зголеми својата предност со лансирање на смартфон кој ќе има камера со леќа од 16 МР од Pelican Imaging.

Nokia ги зајакна своите инвестиции во компанијата Pelican Imaging, од каде што тврдат дека финската компанија е во преговори со најмалку еден производител со кој ќе го донесат нивниот најнов смартфон претставник на пазарот до 2014 година.

Pelican-Imaging-promotional-photo-640px_contentfullwidth

Камерата Pelican, која има 16 леќи, прави слики кога блендата е притисната и успева да фати до најситни детали со секој пиксел. Оваа технологија му овозможува на фотографот да ја смени фокусната точка на сликата дури и откако фотографијата е направена. Исто така, можете да ја смените и позадината на сликата, да го намалите размерот на кој било дел од сликата и да комбинирате елементи од повеќе слики во една нова слика.

[youtube]http://youtu.be/JovK9-Ig0Cg[/youtube]

 

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

 

- Реклама -