Норвешка станува првата држава во светот која ќе донесе целосна забрана за употреба на автомобилите со бензински и дизел мотори. Продажбата на слични возила ќе биде прекината во 2025 година, објавија медиумите во земјата.
Оваа забрана се очекува да биде и официјално усвоена од парламентот во скандинавското Кралство. Таа ќе почне да дејствува со преоден план, кој ќе стапи во сила во 2018-2019 година. Тој ќе ја ограничи продажбата на автомобили со повисоки нивоа на штетни гасови, односно во преден план ќе се најдат класични хибридни, Plug-in изведби, или комплетно електрични. Целата операција треба да заврши во 2050 година, кога на територијата на Норвешка ќе можат да се движат само возила кои не користат нафта. Одлуката е донесена како дел од борбата на земјата, која е меѓу најголемите производители на нафта, против климатските промени.
Скандинавската држава планира да инвестира значителна сума за масовно проширување на патеки за велосипедисти и посебни коловози за градскиот транспорт. Околу милијарда евра ќе бидат одвоени за изградба на велосипедски магистрали кои ќе поврзуваат 9 града. Покрај тоа, Норвешка ќе ја стимулира продажбата на електрични возила со дотации од Владата во вредност 420 милиони евра годишно. Иако, во многу земји електричните автомобили допрва влегуваат, уште во 2014 година во скандинавските земји беа купени над 18 илјади единици. Такви автомобили вредат многу во регион со население од нешто над 5 милиони жители.