Норвешките лешеви не скапуваат?

Норвешка има сериозен проблем со погребаните тела. Тие буквално не скапуваат.

Во следните три декади по Втората светска војна, погребните обичаи во Норвешка вклучувале завиткување на телата во слоеви од пластична фолија, пред да ги стават во ковчег. Верувале дека така е похигиенски. Стотици илјади погреби подоцна, директорите на погребалните претпријатија се најдоа „во тесно“, исто како и новите закопани тела.

За Норвешка, земјата е редок комодитет, па 20 години откако е закопано првото тело, гробните места се ослободуваат за новите починати, освен ако не сакате дополнително да платите за вашиот близок да почива „без цимери“. Со околу 350.000 погребани во пластика и политичари што одбиваат да доделат нови гробни парцели на претпријатието, вработените мораат самите да најдат начин да се справат со проблемот.

1

Кјел Ларсен Отсбај го има решението. Сеќаваќи се на школските часови по хемија, Отсбај смислил техника за да избуши дупки преку земјата и самата пластична обвивка и да инектира раствор што го забрзува процесот на распаѓање до интервал од помалку од една година. Не само што е одлична идеја, туку и работи. Отсбај веќе „одработил“  преку 17.000 норвешки гробови (10 минути за секој) во повеќе градови, заработувајќи 670 долари по парцела.

ku-xlarge

Се разбира, блиските на починатите мораат претходно да дадат дозвола, иако многу малку одбиваат да го направат тоа, а дури и оние што се против, за кратко време се премислуваат.

Една 77-годишна жена што често го посетува гробот на својот маж вели: „Морам да речам дека мислам дека ова е добра работа, посебно за следните генерации. Пластичната обвивка очигледно беше грешка, а сите ги сакаме нештата на природен начин, нели? Мораме да бидеме свесни дека тие не чувствуваат ништо таму долу.“

Можеби на почеток е тешко сварлива, но сепак оваа идеја мора да се гледа како чекор напред.

- Реклама -