Носеше ли обезбедувањето на Трамп лажни вештачки раце?

Имаше нешто чудно во снимката од инаугурацијата на Доналд Трамп, и многу ситничари тоа го забележаа. Рацете на неговиот телохранител.

Исечокот од видеото почна да кружи по социјалните мрежи, а нетизените („жителите на интернет“) дојдоа до заклучок – телохранителот носи лажни раце-протези, а со вистинските го чува оружјето на готовс под капутот.

Онлајн се јавија и наводно воени и полициски експерти, кои ја потврдија тезата, па дури и шпекулираа за типот на оружје што го носел телохранителот. Најмногу типуваа на белгиски FN-P90.

Да беа во право, ќе беше супер, не зашто е голема работа телохранител да носи оружје, туку затоа што ете, не очекувавме од најдобрите тајни служби да се служат со такви фори.

Прочитајте и:  Хотелот на Трамп наплаќал тродупло кога во него престојувала Тајната служба на САД (за да го обезбедува него и неговото семејство)

Ама брзо се покажа дека кај што има чад не мора да има ни оган, иако приказната продолжува да кружи и ја пренесуваат сите светски и наши медиуми. Имено, малку подоцна, се случи ова:

Се гледа дека телохранителот ја променува позицијата на рацете, што нé води до фактот дека едноставно само бил добар во седење мирен. Што баш е и најмалку што може да се очекува од телохранител што стигнал да го обезбедува претседателот кому половина и повеќе Америка му мисли само најлошо.

- Реклама -