Нов бизнис во САД – изнајмување на кокошки

Желбата на се поголем број на луѓе е да јадат свежи јајца, но без одговорноста која го носи нивното одгледување.

Истата оваа желба придонесе за успехот на еден нов бизнис во САД – изнајмување кокошки.

Џен Томпкинс пред две години во Пенсилванија ја основа компанијата „Изнајмете кокошки“ и од тогаш го проширила бизнисот во уште три држави, Торонто и Канада.

Изнајмувањето кокошки е се попопуларно во САД, откако се повеќе жители се придружуваат на антифабричкото движење. Некои семејства изнајмуваат кокошки поради едукативно искуство на своите деца.

„Како општество не сакаме обврзување. Не сакаме договори за мобилни телефони, долгорочни договори со кабелски оператори…Кокошките можат да живеат седум до 10 години, а луѓето се плашат од тоа“, вели Томпкинс.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето
- Реклама -