Кинеската влада моментално со сите сили се обидува да го поправи имиџот после изминатата серија скандали поврзани со корупцијата.
Во своите обиди да им се допадне на граѓаните, објави фотографија на четворица политичари кои наводно jа посетиле старицата Ченг Јанчун , во нејзиниот дом, а која има 103 години. Под готографијата пишувало „Љубов и грижа за старите кинески традиции кои ги негуваме. Тие би требало да ја почувствуваат топлината на владата и партијата“.
Но таа топлина и грижа им се одби од глава благодарение на лошата монтажа на која старицата изгледа како кукла, а најмногу критики добија од социјалната мрежа Weibo.
„ Екипата задолжена за пропаганда нема мозок и веројатно ќе остане без работа, баш како и овие политичари“, напишал еден корисник, а друг додава „Оваа фотографија покажува колку се лидерите оддалечени од обичните луѓе. Ова е тажно и депримира“.
Дури и медиумите негативно ја опишаа оваа фотографија, а од владата демантираат дека дошло до грешка поради распоредот во собата, во која немало можност политичарите и старицата да завршат во ист кадар.
Секако оваа вест ја поттикна ироничната креативност, која неизбежно следува по вакви помалку или повеќе смешни настани.