Нов хит на YouTube: Ќе ти дадам 200 евра ако…

Со близу три милиони прегледи за четири дена, краткиот клип со наслов “Ќе ти дадам 200 евра ако го тргнеш пешкирот” (I`ll give you 200 euro`s if you drop the towel) е најновиот хит на YouTube.

Како и многу други интересни видеа на YouTube и овoj клип е дел од рекламна кампања. Имено клипот е снимен за потребите на романска козметичка компанија, но тоа не значи дека вие нема да уживате во добрата шега.

Всушност, оваа приказна е добро позната на балканските простори, а дури и нашите неповторливи K-15 имаа скеч на истата тема: Човек доаѓа да го посети својот пријател, а вратата ја отвора згодната партнерка која штотуку излегува од под туш, завиткана само во крпа. По ова таа добива непристоен предлог од гостинот, на кој едноставно нема да му одолее.Откако ќе се согласи да ја исполни желбата на посетителот, таа ќе ги добие ветените 200 евра но на крајот ќе испадне дека…

Всушност, погледнете самите:

[youtube]http://youtu.be/4jrh-m71pvs[/youtube]

- Реклама -