Нов климатизер на LG би требало да помогне во африканските региони загрозени од маларија преку бркање на комарци.
Според компанијата овој “Anti-Mosquito” климатизер може да избрка во просек околу 64 проценти од комарците во рок од 24 часа употреба. Тие додаваат дека сè на сè климатизерот може да се справи со 82 проценти од комарците.
Климатизерот користи ултра-сонични бранови кои се неподносливи за комарците. Покрај тоа климатизерот е опремен и со Super Automatic Voltage Switcher кој ќе го заштити од променлив напон и неочекуван прекин на електричната енергија и помага во заштита на компресорот од претерано високи температури и насобирање на прав.
Целниот комарец е женката на Anopheles комарецот кој често пренесува маларија низ африканскиот континент. Според Светската Здраствена Организација, маларијата била виновна за околу 655.000 смртни случаи во Африка во 2010 година. Но сè уште нема податоци за тоа како и кога ќе бидат распорстранети климатизерите.