Нов меѓународен јазик – Глобиш

globishПостарите генерации сигурно се сеќаваат на јазикот Есперанто, за кој се сметаше дека ќе стане меѓународен јазик за комуникација. Многумина го учеа и го научија, а денес можеби и веќе го подзаборавиле. Веројатно ќе се запрашате зошто го споменувам сега. Причината е што на повидок е или се создава нов светски јазик познат под името глобиш (globish). Овој нов јазик веќе се користи на интернет и во многу други облици на комуникација, а се смета дека ќе доминира во дваесет и првиот век.

globishПостарите генерации сигурно се сеќаваат на јазикот Есперанто, за кој се сметаше дека ќе стане меѓународен јазик за комуникација. Многумина го учеа и го научија, а денес можеби и веќе го подзаборавиле. Веројатно ќе се запрашате зошто го споменувам сега. Причината е што на повидок е или се создава нов светски јазик познат под името глобиш (globish). Овој нов јазик веќе се користи на интернет и во многу други облици на комуникација, а се смета дека ќе доминира во дваесет и првиот век.

Новиот јазикот глобиш претставува мешавина од најчесто користените англиски зборови и изрази во секојдневната комуникација на луѓето од целиот свет. За овој јазик на иднината, кој е во сè поголема употреба, пишува и британскиот писател Роберт Мек Крум во својата книга “Globish: How the English Became the World’s Language“. Во книгата тој тврди дека новиот јазик се користи од Пекинг до Њујорк!

– Во 19 век доминираше британскиот јазик, во 20 век американскиот-англиски јазик, а сега во 21 век време е со светот да завладее еден глобален јазик, односно глобиш, вели Мек Крум. Британскиот автор смета дека познавањето на еден ваков јазик како што е јазикот глобиш може многу да им олесни на луѓето кои бараат работа во други земји, а особено во Кина или Индија.

– Луѓето кои сакаат да зборуваат глобиш за пример треба да го земат американскиот претседател Барак Обама, бидејќи јазикот кој тој го користи успешно ги совлада сите јазични граници. Кога тој зборува, на неговите куси и концизни реченици потребна е само мала адаптација за неговите зборови да станат разбирливи насекаде во светот. На пример, неговиот слоган “Yes We Can” е разбирлив во кој било дел од светот, вели Мек Крум.

Прочитајте и:  150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, кодификаторот на македонскиот литературен јазик

Инаку, името глобиш, Мек Крум го презел од Жан Пол Неријер, кој во 1995 година пишувал за создавање на една нова форма на англискиот јазик во која би се користеле само 1500 зборови кои најчесто се употребуваат во секојдневниот говор. Други извори, пак, сметаат дека идејата за ваков доминантен светски јазик не е на Мек Крум, туку дека таа потекнува од Индиецот Мадукара Гогатеа.  Идеата е убава и корисна, а дали ќе опстои и ќе заживее ќе покаже иднината.              

И на крајот неколку интересни податоци околу јазиците воопшто. Сигурно многумина од вас не знаат колку јазици постојат во светот. Постојат многу повеќе отколку што веројатно претпоставувате, но точниот број никој не го знае, а со време тој и се менувал. Така во 1911 година се сметало дека постојат едвај околу 1000 јазици. Денес, според Ethnologue organization (www.ethnologue.com) која има направено детална листа на јазици, тој број изнесува околу 7000 или поточно кажано 6 809, од кои само 230 се зборуваат во Европа, додека 2197 во Азија. Најголема разновидност на јазици има во Папуа Нова Гвинеа каде 3,9 милиони луѓе зборуваат на околу 832 јазици. Интересен е и податокот дека секој јазик во светот има 40-50 слични јазици, и дека постојат јазици на кои зборуваат еден до десет луѓе! Кога е во прашање, пак, економијата и бизнисот, светската економија “зборува” главно на три јазика: англиски, кинески-мандарински и шпански јазик. Се надевам дека сега ви е јасно зошто е потребен глобиш!

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -