Дали некогаш сте се запрашале, кој ги во гледа профилот на Facebook? Сигурно барем неколку пати нели?
Компанијата на своите сервери ги чува сите информации сврзани со тоа кој од вашите пријатели на Facebook го гледа често вашиот профил, како и информации за тоа, со кои од вашите пријатели вие најмногу комуницирате на социјалната мрежа.
Тоа влијае на резулатите кои изглегуваат како листа, секогаш кога ќе напишете некакво име во полето за пребарување. Така луѓето кои излегуваат како резултати се ваши пријатели кои најмногу го посетиле вашиот профил, на кои најмногу им се допаднала содржината која вие сте ја споделиле и оние со кои вие најмногу комуницирате на социјалната мрежа. Или поточно Facebook има информации затоа кои не следи, со кој најмногу комуницираме и обратно.
Како резултат на тоа, многу корисници сакаат да знаат како мрежата ги рангира нивните пријатели. Многу луѓе имаат создадено алатки за да ги претстават тие информации на корисниците, а еден од нив е и Arjun Sreedharan кој го има создадено следниот инструмент:
Вие можете да го проверувате рангот на вашите пријатели во три чекори.
- Ставете го овој линк во лената со одбележувачи на вашиот прелистувач: FB Friends Ranking
- Логирајте се на Фејсбук и кликнете на одбележувачот
- Ќе видите листа со ваши Facebook пријатели кои имаат најголем ранг. Еве вака:
Ако не сте програмер кој работи во Facebook, овие броеви нема да ви значат ништо. Тие единствено можат да се искористат кога сакаме да споредиме еден пријател со друг, за да видиме со кој повеќе комуницираме на Facebook.
.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk