Нов сингл на Наташа Малинкова – Ранета (free mp3!)

natasaa.jpg Наташа Малинкова, некогаш главен вокал во Багаж, неодамна сними нова
песна со интересен наслов Ранета. Синглот Ранета е дело на извонредните
Весна Малинова (музика и текст) и Марга Сотировска (аранжман).


natasa.jpgНаташа Малинкова, некогаш главен вокал во Багаж, неодамна сними нова песна со интересен наслов Ранета. Синглот Ранета е дело на извонредните Весна Малинова (музика и текст) и Марга Сотировска (аранжман).

„Песната како да е правена токму за овој пост-празничен период, па сите кои ќе ја слушнат ќе се почувствуваат убаво, оти таа буди импресии за нешто што се случило неодамна“ – вели Наташа.

Таа  наскоро најавува дека ќе нé изненади со интересен видео-спот, кој го реализираа во „Тип-топ продукција“ (Оги и Џоле).

„Спотот е снимен во студио на Томато и не се сомневам дека ќе биде една од поубавите видео креации што до сега биле направени кај нас. Спотот има преубави движења, моменти и анимации, а за сé да изгледа како бајка, ангажиравме и пет дечиња кои совршено се вклопија во приказната“ – вели Наташа.

Во план е и голема промоција за спотот на синглот Ранета, за која дополнително ќе ве информираме…  [MP3 download тука]

- Реклама -