Нов тип на улично осветлување – Патеки што светат во ноќта

Ноќните посетители на паркот „Christ’s Pieces“ во Кембриџ, имаат можност да уживаат во сосема нов тип на улично осветлување.

„Starpath“ („ѕвездена патека“) е нов материјал кој ја апсорбира дневната ултравиолетова светлина, а потоа емитува сина светлина за време на ноќта, со која ги осветлува патеките во паркот. Во моментов, „Starpath“ е во фаза на тестирање.

starpath

Светлечките честици се нанесуваат на ист начин како при бојосувањето на патеките. Ова е сосема погодно решение за градовите и населбите со мал финансиски буџет, со кое темните паркови и улички ќе бидат осветлени, а со тоа и побезбедни, без дополнителни трошоци за улично осветлување.

starpath-glowing-pathway

Градскиот Совет на Кембриџ изјави дека доколку „Starpath“ се покаже ефикасен, ќе биде имплементиран и во останатите делови од градот. Велосипедските ленти на улиците се само една можна примена на оваа нова технологија.

- Реклама -