Нова драма во X фактор: Јоксимовиќ предупреден од продукцијата

Елеминациите кои се случуваат овие два дена во X Фактор се најтензичните и најнеблагодарните, како за натпреварувачите, така и за жири комисијата.

Во овој дел од натпреварот натпреварувачите беа поделени во четири групи, со тоа што зад секоја група стоеше по еден ментор, а од сите групи мораа да останат шестмина учесници.

Во најновата епизода од шоуто, на ред дојдоа групата од девојки на Жељко и бендовите на Тончи.

ziri

Жељко создаде вистинска драма на стартот. Имено, откако веќе три девојки од неговата група седнаа на столиците, на ред дојде да настапи натпреварувачката Соња Чоко. По нејзината изведба Жељко реши да ги праша трите дами кои претходно настапија како им се допаѓа настапот на Чоко. Одговорот на Милица го натера да донесе изненадувачка одлука. Таа одговори дека не би ја коментирала својата конкуренција, а благодарение на тој одговор Жељко ја испрати дома.

3

– Сакав да видам кој е каков. Настапот на Соња беше просечен, а ако ме лажеш во лице, не сакам да работам со тебе, истакна Жељко.

Погледнете ги коментарите од една минута и 48 секунди.

Потоа го повика продукцијата, со опомена дека не смее да прави замена, додека не се исполнети сите шест столици.

Откако завршија натпреварувачите Жељко повторно ја повика Милица за да и даде втора шанса, и ја праша дали знае зошто ја тргна од столицата, откако таа кажа „Не знам“, Жељко по втор пат ја исфрли од натпреварувањето.

Второто повикување се случува на минута и 20 секунди.

На крајот се се заврши добро и Тончи ја зеде во еден од неговите бендови, после сите драми.

За крај, еве го настапот на Милица.

- Реклама -