Откако во пресрет на Нова Година ја видовме за првпат новата генерација на BMW 7 без камуфлажа, сега за перјаницата на Баварците се нуди нова фотографија со која се покажува странични профил на автомобилот.
Од она што може да се види, од снимениот автомобил нивото на опременост секако е Luxury Line, судејќи по присуството на прилично хромирани детали. Што се однесува до техниката во новата Серија 7, се очекува во моделот да се вградуваат мотори од последната генерација со 6 и 8 цилиндри. Не е исклучена веројатноста да видиме и 4-цилиндерски мотор со пониските нивоа на опрема. Сите агрегати ќе работат со ревидирана верзија на 8-степената трансмисија, развиена од ZF.
Се очекува официјалната премиера на возило да биде во текот на салонот во Франкфурт на есен, иако се уште нема потврда за тоа.