До дебито на целосно новата генерација на Audi A8 останува малку повеќе од еден месец. Во Барселона на 11 јули оваа година ќе видиме нов предводник на германската марка, кој ќе дојде со некои технолошки изненадувања.
Automotive News објавува дека со цел подобра горивна заштеда, машината ќе се нуди сериски со 48-Volt хибриден систем. Во случајот не станува збор за вистински хибрид, туку за технологија која ќе регенерира енергија од сопирање и движење по инерција, а ќе ја „складира“ во голема хибридна батерија. Германците предвидуваат да ја вградуваат технологијата и во голем дел од модели од остатокот на гамата доста брзо, а најверојатно уште догодина таа ќе најде место во луксузните автомобили на марката.
Друга многу сериозна технолошка новина ќе биде ниво 3 на автономија, при што возачот ќе може во одредени периоди да ја „остави контролата“ врз автомобилот целосно на компјутерските системи.