Нова љубов по разделбата

Програмирани ли сме да најдеме нова љубов по разделувањето?

По разделувањето многу луѓе мислат дека болката никогаш нема да исчезне, но научниците докажаа дека сме програмирани да пронајдеме нова љубов.

Експертите ја открија светлината во тунелот, тврдејќи дека луѓето всушност секогаш се во можност да го излечат скршеното срце и порано или подоцна да пронајдат нов партнер . Според истражувањето мажите и жените нема како да не започнат нови романтични односи.

Научниците го истражувале процесот на љубов и поделба и откриле механизам во нашиот мозок, дизајниран врз основа на природната селекција кој секогаш не вади од турбулентните периоди на нашите животи.

„Ова докажува дека луѓето се создадени за да се обновуваат, а болката навистина одминува со времето “, објасни д-р Брајан Боутел од Универзитетот во Сент Луис.

Истражувањето покажува дека двата пола би ја прекинале врската од различни причини. На пример, еден маж е поверојатно да се раздели со партнерот, ако тој го изневери сексуално. За разлика од посилниот пол, жените почесто простуваат неверство.

- Реклама -