Нова мајсторија на Пандев (видео)

Горан Пандев уште еднаш ја имаше улогата на херој на Наполи, откако го постигна вториот погодок за својот тим на натпреварот со Удинезе (2:1).

„Фриулијаните“ беа во исчекување на крајот на првото полувреме кога Пандев прими една топка во нивниот шестнаесетник, мајсторски си создаде простор и многу интелигентно шутираше крај првиот дирек и го изненади голманот на гостите.

Сепак, причина за загриженост претставува фактот дека тренерот Мацари по само десет минути игра во вториот дел се реши да го извади од игра нашиот ас, којшто до тој момент беше еден од најдобрите на теренот.

Тоа остава сомнеж дека можеби станува збор за повреда, што би било погубно за македонската репрезентација на неполна недела до квалификацискиот дуел со Хрватска. Во моментите додека го напушташе теренот Пандев не делуваше дека чувствува болка, но набргу ќе се знае дали тој ќе биде способен да го предводи нашиот национален тим во пресметките со Хрватска и со Србија.

{youtube}05sv1UQl1AU{/youtube}

- Реклама -