Да, навистина во моментов температурите во Њујорк се високи, но сепак, дали и вие би се осмелиле да излезете вака во јавност? Лејди Гага вчера одлучи да прошета низ улиците по црн и тенок чипкаст градник со што покрена дилема дали едноставно на тој начин се разладува, или можеби заборавила да облече маица. Во секој случај, пејачката ја покажа нејзината видно ослабена фигура, а познавајќи го нејзиниот ексцентричен стил, можеби сакаше само да го привлече вниманието.