Дали некогаш сте испратиле мејл за кој во последен момент сте сфатиле дека нешто сте погрешиле во пишувањето или сте зажалиле што воопшто сте го пратиле. Gmail има решение за таквите моменти на слабост за кои подоцна ќе зажалите. Сè може да биде поправено преку најновата опција на Gmail – Undo send.
Дали некогаш сте испратиле мејл за кој во последен момент сте сфатиле
дека нешто сте погрешиле во пишувањето или сте зажалиле што воопшто сте
го пратиле. Gmail има решение за таквите моменти на слабост за кои
подоцна ќе зажалите. Сè може да биде поправено преку најновата опција
на Gmail – Undo send.
Ова е нова опција на Gmail, такашто не мешајте ја со Gmail Goggles, која беше повеќе со цел да ве спречи да испратите мејл во пијана состојба за време на викендите. Undo send на Gmail можете да ја активирате во Gmail Labs во Settings.
Опцијата функционира само за време на петте секунди одложување откако сте кликнале send и времето кое на Gmail му е потребно да ја испрати пораката. Undo Send не може да го врати мејлот кој е веќе испратен, но петте секунди одложување може да ве спаси од многу засрамувачки ситуации. Па, покрај Undo Send и Mail Goggles, сега веќе немате изговори да испраќате пораки од кои подоцна ќе се срамите. Само бидете брзи.