Новак: ЕУ треба да се ослободи од корупција, па потоа да поставува услов кон другите држави, оцени унгарската претседателка Новак

ЕУ треба да се ослободи од корупција, па потоа може да се постави тој услов кон другите држави кои сакаат членство, порача унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во посета на Македонија, на заедничката прес-конференцијата со претседателот Стево Пендаровски.

„Јас мислам дека е исправно ЕУ да има строги критериуми за прием и до тие критериум всушност и треба да се држиме. И ние Унгарците моравме да ги исполниме сите тие критериуми пред 19 години кога требаше да се зачлениме. Значи, ова е во ред, но не е во ред некој ‘да декларира вода, а пие вино, ракија’, односно тоа може да биде добро доколку во ЕУ не постои корупција и на сите нивоа на европските служби не постои некаква корупција. Но, доколку има, тогаш тоа не може да биде основа да критикуваме други држави во кои се појавува корупција. Затоа, прво ЕУ треба да се ослободи од корупција, па потоа може да се постави тој услов кон другите држави“, рече Новак, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со корупција во ЕП.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Борбата против корупцијата е највисок приоритет и едно од клучните барања на ЕУ во однос на пристапните преговори со земјите аспиранти за членство во Унијата.

Извор: МИА

- Реклама -