Новак Ѓоковиќ ќе добие музеј во Србија

Наскоро во Србија ќе почне да се гради музеј посветен на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.Информацијата ја објави српскиот претседател Александар Вучиќ при вчерашниот увид во градежните работи на новиот национален стадион во Сурчин.

„Наскоро ќе почнеме да градиме музеј на Новак Ѓоковиќ за да покажеме колку го почитуваме она што тој го направил, но и да привлечеме туристи“, рече Вучиќ.
„Дали знаете колку кинеските државници го ценат Новак – тоа се гледа кога сакате да им подарите рекет на Новак Ѓоковиќ, а тие не се осмелуваат да го прифатат подарокот затоа што мислат дека е многу скап“, додаде Вучиќ.
Ѓоковиќ е светски рекордер со 25 грен – слем титули, а на Олимписките игри во Париз го освои златниот медал.
Изградбата на српскиот национален стадион почна на 1 мај оваа година и треба да има капацитет од 52.000 седишта и 4.500 паркинг места.
Во исто време, во тек е изградба на комплекс за изложбата ЕКСПО, која ќе се одржи во Белград во 2027 година.

Извор