Новата девојка на Клуни е најпосакуваната слободна Британка

Откако раскина со Стејси Киблер, медиумите не престануваат да го спојуваат со разни девојки. Последен пат Џорџ Клуни е виден во друштво на убава девојка чиј идентитет не беше познат, се до денеска.

Амал Аламудин е британска адвокатка со која актерот Џорџ Клуни е фотографиран на ручек во еден лондонски ресторан.Но, се уште не е потврдено дали тоа е неговата нова љубов или тие се само пријатели.

article-0-18F77CB500000578-17_634x429 rs_560x415-131025113838-1024.-1clooney-mystery-girl

Која е Амал?

Таа не е само уште едно убаво лице. Амал е адвокатка, а изгледа Клуни имал многу теми за разговор со оглед на неговиот интерес за политичките прашања и заштитата на човековите права.

372_1_gul6753

Амал е прогласена за најпосакувана слободна дама во Велика Британија, а оваа година се најде на листата на најпосакувани лондонски адвокатки. Одлично зборува англиски, арапски и француски јазик, а на Твитер ја следи и актерот Ештон Кучер.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Токму таа е адвокатка на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во постапката што се води за негова екстрадиција во Шведска.

Но, магазинот US Weekly пишува дека Клуни се уште е во врска со Хрватката Моника Јакишиќ, а дека со Амал се само пријатели.

„Моника и Џорџ се во врска“, рекол извор за магазинот. „Таа не му е официјално „девојка“ , но тие се многу блиски. Се гледаат речиси секоја вечер“.

- Реклама -