Сите го знаеме како пејачот кој се појави ма првиот Македонски идол. Се прослави со својот глас и изглед кој потсетува на Џастин Тимберлајк, а сега за прв пат се појавува и како автор.
Поп – пејачот Виктор Апостоловски денес во лаунџ барот Арабеска го промовираше спотот за неговата нова нумера „Ми фалиш ти“.
„Навистина ми е драго што за кратко време го снимивме спотот. Дефинитивно песната има посебно значење за мене, бидејќи ја творев уште од моите почетоци за време на Идолот. Спотот претставува совршено надополнување на композицијата – снимен со внимателно избрани кадри и моменти со моделот Ангела Митева.“ изјави Виктор.