Новата штипска болница поскапа за дополнителни седум милиони евра

Наместо 30 милиони евра штипската болница сега треба да чини 37 милиони евра, а конечно треба заврши на почетокот на 2021 година. Ова е четврти застој на изградбата на новата Клиничка болница, претходните застои беа поврзани со штипски Бетон, кој се појави како подизведувач на објектот. Проблемите во оваа градежна компанија, која беше најголемиот тендерски корисник на проектот Скопје 2014 се рефлектираа и во овој објект.

Од Министерството за здравство велат дека ова барање на „Интракат“ треба да биде усвоено на наредната владина седница. Така покажала нивната ревизија. Зошто сега наеднаш, кога имаме техничка влада, се остава една ваква сомнителна одлука да донесе новиот премиер Оливер Спасовски заедно со новите членови на Владата од опозицијата?

Градежните активности на овој објект се во прекин веќе подолг период, откако од игра излезе компанијата „Бетон Штип“ . Четири пати се одлагаше продолжувањето на изградбата на болницата. Сега, откако се договорени дополнителните 7 милиони евра, сите велат дека изградбата конечно ќе продолжи. Последниот рок за завршување на изградбата на оваа болница со површина од 34 илјади метри квадратни, која почната во 2015 година, сега е 2021 година.

Повеќе на МКД.

- Реклама -