Талентот во светот на модата на десетгодишниот Ромео Бекам е неоспорен. Како заштитно лице на британскиот моден бренд Burberry синот на познатиот фудбалер Дејвид и екс – поп дивата Викторија се појавува во рекламната кампања за претстојната пролет/лето сезона.
Фотосесијата во која Ромео позира рамо до рамо со професионалците од модниот бизнис стана вистинска „цветна” револуција бидејќи во претходните рекламни фотографии акцентот беше на црвената боја и пастелните беж нијанси на традиционалниот кариран дезен.
Наспроти строгите погледи на повозрасните модели, Ромео е извор на заразна детска енергија која како да го симболизира разделувањето со зимската апатија.